НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Москва ќе му возврати на Лондон, се чека одлуката на Путин

0
By Нова ТВ on March 15, 2018 ВЕСТИ
Фото Би-Би-Си
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Москва вети дека брзо ќе одговори на протерувањето на 23. дипломати од Велика Британија.

Конечната одлука ќе ја донесе претседателот Владимир Путин  и тоа не за долго, изјави неговиот портпарол.

Руското Министерство за надворешни работи на својата интернет страница вчера објави реакција во која се вели дека „британската Влада се одлучи за конфронтација со Русија со тоа што донесе одлука да не дејствува согласно воспоставените меѓународни формати во случајот на поранешниот полковник од ГРУ (воена разузнавачка служба) Сергеј Скрипал“.

-Наместо да спроведе сопствена истрага, да ги активира воспоставените меѓународни формати и инструменти, вклучително и во рамките на Организацијата за забрана на хемиско оружје, за што бевме подготвени, британската влада направи избор во корист на конфронтацијата со Русија, се вели во соопштението на руското МНР.

За ова прашање говорел и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, но извештаите на руските медиуми за она што тој го кажал се спротивставени.

Агенцијата РИА Новости ја цитираше изјавата дека Русија “дефинитивно” ќе ги протера британските дипломати “наскоро”.

Но, другите медиуми, повикувајќи се на истата изјава објавија дека  Русија прво ќе ги информира британските власти пред одлуката д абиде објавена јавно.

Тас, цитирајќи го Лавров објави дека тој изјавил дека се надева на брзо опоравување на Скрипал, за да може да ги расветли настаните.

Во четвртокот лидерите на Франција, Германија, САД и Велика Британија издадоа заедничка изјава за нападот, осудувајќи ја “првата злоупотреба на нервен агенс во Европа од Втората светска војна наваму”.

Џонсон за Би-Би-Си

Денеска, британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон во изјава за Би-Би-Си изјави дека Русија го нападнала поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал со нервен агенс, со цел јасно да покаже дека оние кои и пркосат на Москва, ќе бидат казнети.

– Причината поради која го одбраа овој нервен агенс е да посочат дека во прашање е Русија и да им покажат на луѓето во нивните агенции кои можеби би помислеле да ги напуштат, да се решат за друг начин на живот или да веруваат во друг систем на вредности, дека Русија на крајот ќе им се одмазди, изјави Џонсон.

Според него, ваквиот став на Русија се согледува и во „гордиот и саркастичен одговор“ на Москва по нападот врз Скрипал и неговата ќерка.

– Русите сакаат да реагираат симултано, а во исто време и да слават, заклучи Џонсон.

Тој најави дека „корумпираните Руси“, кои се збогатиле благодарение на врските со рускиот претседател Владимир Путин, би можеле да бидат цел на британската полиција, како одговор на нападот врз Скрипал.

– Луѓето сакаат да го видат дека некој од многу богатите личности кои се директно поврзани со Владимир Путин ќе бидат принудени да објаснат како го стекнале своето богатство и ќе бидат изведени пред лицето на правдата поради нивната голема корумпираност, нагласи Џонсон за Би-Би-Си.

Британија протерува 23 руски дипломати

Како одговор на нападот со нервен агенс врз Скрипал и неговата ќерка Јулија, британската премиерка Тереза Меј вчера најави дека од Велика Британија ќе бидат протерани 23 руски дипломати.

Меј во Парламентот изјави дека руските дипломати имаат една недела да ја напуштат Велика Британија, што е најголемо протерување на дипломатски претставници од периодот на Студената војна.

Британската премиерка смета дека Русија покажала презир кон желбата на Велика Британија да се објасни обидот за убиство на Скрипал и неговата ќерка. – Активностите на Русија претставуваат незаконска употреба на сила, истакна Меј.

Таа најави и повеќе економски и дипломатски мерки, вклучувајќи го и откажувањето на билатералните контакти на високо ниво со Русија и оти ќе побара од кралското семејство да не присуствува на Светското фудбалско првенство, што ќе се одржи во Русија.

 

Сергеј Скрипал, кој е пораншен полковник во руската воена разузнавачка служба ГРУ, и неговата ќерка Јулија минатата недела беа најдени во критична состојба на клупа во градски парк во англискиот град Солсбери. Тие сега се в болница и се наоѓаат во кома, додека лекарите се борат за нивните животи. Се претпоставува дека тие се жртви на напад со употреба на нервно парализирачки гас.

Жртви на гасот беа уште 19 други лица и сите тие, освен еден полицацец кој истражувал на местото на настанот, се пуштени на домашно лекување.

Борис Џонсон Британија Меј односи Русија Скрипал труење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.