Фотографирање или обиди за фотографирање на гласачки ливчиња се најбројни нерегуларности кои ги забележале набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ на гласачките места, информираа од МОСТ.

Обиди за фотографирање на избирачките ливчиња имало во неколку избирачки места, а на две места имало и лица кои агитирале и неовластено ги евидентирале гласачите.

Од МОСТ не одговорија на прашањата дали овие нерегуларности можат да го загрозат изборниот процес, дали има фантомски гласачи и дали на гласачките места имало лица кои ги немало на изборниот процес.

„Во овој момент ги имаме само овие информации и само овие се потврдени. Кога ќе имаме нови информации ќе ги споделиме со јавноста“, рече Дарко Алексов, претседател на МОСТ.

На првата прес конференција, во 9 часот  од МОСТ информираа дека неколку гласачки места биле отворени со задоцнување.