Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Изборни нерегуларности пред почетокот на кампањата

0
By Нова ТВ on November 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

most

Граѓанската асоцијација МОСТ која ги набљудува изборите од нивното распишување, со 80 долгорочни набљудувачи во сите општини низ државата, за периодот од 15 октомври до 20 ноември, од добиените 2.025 извештаи, забележале повеќе изборни прекршувања.

На прес конференција тие ги објавија резултатите од периодичниот изветај според кои се регистрирани:

-Непочитување на принципот на одвојување на државата од партијата – 43 случаи во 26 општини, односно присуство на фукционери и вработени во јавниот сектор на партиски настани во работно време и промовирање на политичари или политички партии на настани организирани од јавни институции;

-Притисоци врз вработените во јавниот сектор да посетуваат партиски митинзи на владејачката партија – 41 случај во 26 општини;

-Притисоци за гласање или обезбедување гласачи за владејачката партија – 7 случаи во 5 општини;

-Злоупотреба на јавни ресурси, односно употреба на службени возила за партиски цели – 7 случаи во 6 општини.

– Исто така загрижуваат случаите на противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори. Имено, регистриран е 1 случај на започнување со изградба на објект финансиран со јавни средства и 9 случаи на одржување на јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти финансирани со јавни средства.

Според член 8-а од Изборниот законик, од денот на распишувањето на изборите до изборот на Владата на Република Македонија не може да се започне изградба на објекти финансирани со јавни средства кои не се предвидени со програма. Во периодот од 20 дена пред започнувањето на изборната кампања па до изборот на Владата на Република Македонија не може да се одржуваат јавни настани по повод започнувањето на изградба или пуштање во употреба на објекти финансирани со јавни средства, рече Дарко Алексов.

Овие случаи, според Алексов, содржат индиции за сторени кривични дела и, доколку се докажат, според Кривичниот законик за нив е предвидена казна затвор во траење од 6 месеци до 1 година.

Сите јавно достапни докази кои Граѓанската асоцијација МОСТ ги поседува за овие случаи, по завршувањето на оваа прес-конференција ќе ги достави до Комисијата за следење на изборни нерегуларности која беше формирана од страна на Јавното обвинителство на Република Македонија, за понатамошно постапување.

– Потенцираме дека МОСТ не е против изградба на објекти и подобрување на животот на граѓаните. МОСТ е против прекршувањето на Изборниот законик и бара обезбедување на фер и рамноправни услови за сите учесници во изборниот процес, рече Алексов, објаснувајќи дека е забележан тренд на користење на општински сали, домови за култура и други јавни установи за одржување на партиски состаноци и собири.

https://www.youtube.com/watch?v=m4q3FKSGWGM

–  Укажуваме дека доколку за оваа услуга не е испорачана фактура, тоа претставува прекршување на член 20 од Законот за финансирање на политички партии каде што експлицитно е наведено дека јавни установи не може да донираат за политички партии, а како донација се смета и бесплатното давање на услуги.

Институциите и процесите им припаѓааат на сите граѓани на РМ и никој нема право да ги злоупотребува за партиски цели, рече Алексов.

– Што се однесува до работата на изборната администрација, МОСТ го набљудуваше дополнувањето на составот на избирачките одбори од страна на општинските изборни комисии, при што кај 13 од 25 набљудувани комисии е забележано непочитување на принципот на случаен избор на членовите на ИО. Потсетуваме дека оваа практика беше забележана и на изборите во 2013 г. Исто така забележано беше дека дел од ОИК не беа доволно обучени за начинот на избор на членовите на избирачките одбори, како и за ракување со софтверот.

На една од седниците на ДИК се расправаше за проблеми со изборниот материјал од претходните избори, односно отсуство на печати од одреден број избирачки места и општински изборни комисии. Дел од нив воопшто не ни биле предадени на ДИК. Најпрво, апелираме до ДИК добро да го истражи случајот и да утврди точно колку печати недостигаат и за кои избирачки места или општински изборни комисии се однесуваат. Потоа, да поведе соодветни постапки против лицата кои несоодветно го чувале изборниот материјал, особено имајќи предвид дека поради овој случај ДИК донесе одлука да набави нови печати за сите избирачки места во РМ и за избирачките места во ДКП, што е за поздравување, презентираа од МОСТ.

Позитивно е, според нив, тоа што ДИК донела ново Упатство за важечко и неважечко ливче, со кое само заокружувањето ќе се смета за важечки начин на обележување, а останатите начини на обележување ќе се сметаат за неважечки.

– Позитивно е и тоа што ДИК објави податоци за Избирачкиот список пред, во текот и по завршувањето на јавниот увид, што овозможи да се следат промените на бројот на избирачи по општини. Дополнително, ДИК објавуваше податоци на дневна основа и за бројот на пријавени гласачи за гласањето во странство, истакна Алексов.

Од МОСТ посочија дека во Избирачкиот список не беа запишани 28.341 избирач со неконзистентни записи, а овие избирачи не го искористиле периодот на јавен увид за да се пријават во подрачните канцеларии на ДИК. Според нив, ваквиот начин на активна регистрација на избирачите со неконзистентни записи се спроведе за првпат и сепак се уште постојат неконзистентни записи во Избирачкиот список коишто се резултат на долгогодишните системски проблеми во водењето и ажурирањето на истиот. Фактот што околу 170.000 избирачи за кои ДИК претпоставува дека престојуваат во странство се префлени на посебниот извод од Избирачкиот список со граѓани кои престојуваат во странство, за МОСТ ќе придонесе кон поголема транспрентност и контрола на спроведувањето на гласањето.

МОСТ на крајот констатира дека како и на секои избори, така и на овие, има случаи на предвремено започнување на изборната кампања, што упатува на заклучок дека по завршувањето на изборите сериозно треба да се разгледаат долгогодишните препораки на МОСТ за регулирање на ова прашање.

 

Избори 2016 изборни нерегуларности Извештај МОСТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.