Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ регистрирал неправилности на 16 избирачки места

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 15, 2017 17:57

ГМ 2762, општина Кисела Вода, на гласач кој имал траги од мастило не му било дозволено да гласа. Гласачот почнал да протестира, биле повикани претставници од ОИК кои на членовите на ИО им пренеле дека треба сами да одлучат дали ќе му дозволат да гласа. Гласачот почнал и да се заканува, по што членовите на ИО гласале и било одлучено да му се дозволи да гласа.

ГМ 1042/1, општина Куманово, ИО по грешка издал 2 ливчиња за избор на совет. Ја повикале ОИК и бил направен записник. Гласањето било прекинато околу 10-ина минути.

ГМ 2639, општина Карпош, на гласач му биле дадени 2 исти ливчиња по што гласачот реагирал и гласањето било прекинато 20 минути. ИО направил записник, на гласачот му било дадено соодветно ливче, по што гласањето продолжило.

ГМ 2737, општина Аеродром, на гласач му биле издадени 2 ливчиња од ист кочан. Гласачот ги заокружил, но пред да ги стави во гласачката кутија ИО забележал дека гласачот има 2 исти ливчиња, по што едното му го одзел и го ставил во плик за неважечки ливчиња, и му издал ново гласачко ливче. Направен бил и записник.

ГМ 0663, општина Каварадци, при откинување на гласачкото ливче од кочанот дел од ливчето останал недокинат, па гласачкото ливче било ставено во плик, бил направен зазписник, а на гласачот му било издадено ново ливче.

ГМ 1376, општина Прилеп, три неискористени ливчиња биле пронајдени позади параванот од страна на ИО. Гласањето било прекинато 10 минути, била повикана ОИК, направен бил записник, а ливчињата биле ставени во кутиите.

ГМ 1456, општина Прилеп, позади параван било пронајдено неискористено гласачко ливче, по што истото било ставено во гласачката кутија.

ГМ 0668, општина Кавадарци, 10 гласачи не биле проверени со УВ ламба.

ГМ 0741, општина Кичево, 7 случаи на семејно гласање, при што биле злоупотребени 17 гласови, а Избирачкиот одбор не реагирал.

ГМ 0998, општина Куманово, ламбата не работи пола час, а ИО не реагира.

 

Проблеми предизвикани од неовластени лица

 

Пред ОУ „Гоце Делчев“ во Неготино има неовластени лица со списоци.

Непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи

ГМ 2469, општина Чучер-Сандево, околу 13 часот гласач сакал да гласа во име на негово блиско лице. Откако ИО не му дозволил, лицето се обидело да го одземе гласачкото ливче, по што гласањето било прекинато и била повикана полиција. Откако полицијата направила увид и бил направен записник од страна на полицијата и ИО, гласањето продолжило. Прекинот траел 40 минути.

ГМ 1273, општина Охрид, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија. Била повикана полицијата која го привела гласачот.

ГМ 2699, општина Аеродром, било пронајдено неискористено ливче позади параванот. ИО го прогласил ливчето за неважечко.

ГМ 2576/1, општина Ѓорче Петров, гласач ги фотографирал гласачките ливчиња, ИО повикал полиција и гласачот бил приведен. Гласањето било прекинато 10 минути, а ливчињата биле поништени.

ГМ 2653, општина Карпош, гласач оставил 2 ливчиња позади параванот, ИО забележал дека се таму, го повикал гласачот назад, но тој не сакал да гласа, по што ливчињата биле поништени.

 

гласање локални избори 2017 МОСТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.