НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мотор на хрватскиот тим: Модриќ прогласен за МВП на мундијалот

0
By Нова ТВ on July 16, 2018 СПОРТ
Фото: sports.yahoo.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватска замина без трофеј од Светското првенство, но и со најдобриот играч на турнирот во Русија. За МВП (најкорисен фудбалер) на мундијалот е прогласен Лука Модриќ. Одличниот играч од средниот ред на Реал Мадрид ги предводеше „коцкестите“ до историски успех на 21. планетарен собир на најдобрите фудбалски нации на планетата.

Тој и соиграчите не успеаја да се реваншираат на „триколорите“ за поразот во полуфиналето пред две децении меѓутоа одиграа седум одлични натпревари и ги освоија срцата на фудбалските фанови ширум земјината топка. Прогласувањето на хрватскиот капитен за најдобар поединец на турнирот, пак, е за континуитет од последните шест СП на кои статуетката за МВП завршуваше во раце на играчи кои не се дел од победничката селекција.

Носители на признанието од шампионатот во Франција во 1998 година се Роналдо (Бразил), Оливер Кан (Германија), Зинедин Зидан (Франција), Диего Форлан (Уругвај), Лионел Меси (Аргентина) и сега Лука Модриќ.

За најдобар млад фудбалер на првенството во Русија е прогласен Килијан Мбапе (19). Францускиот тинејџер од редовите на ПСЖ брилјираше на мундијалот и има големи заслуги во шампионскиот успех на „триколорите“. Воедно се промовира во четврти најмлад учесник во финалните мечеви на завршните турнири додека неговата репрезентација е најмладиот светски првак.

Хари Кејн е најдобар стрелец на Светското првенство со шест постигнати голови, Тибо Куртоа е прогласен за прв голман на турнирот.

Лука Модриќ МВП СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.