Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можни 5  правци во кои ќе се развива војната во Украина

0
By Соња Крамарска on March 23, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 23, 2022 13:57

Помина еден месец од почетокот на руската воена инвазија над Украина, а напредокот на Русите е бавен. Во својата анализа глобалната мрежа Си-Ен-Ен прогнозира пет насоки во кои би можела да се развива војната.

1.Русија би можела да го интензивира бомбардирањето

Експертите предупредуваат дека колку повеќе Русија добива удари на теренот, толку е поголема веројатноста да ја интензивира својата воздушна кампања за бомбардирање и употребата на други оружја. Има малку веродостојни информации кои доаѓаат од Украина или од Русија за бројот на загинати, но се проценува дека руската страна изгубила речиси 10.000 војници и дека уште 16.000 се повредени. Ваквите загуби, доколку се докаже дека се вистинити, ќе го објаснат и застојот во движењето на руските сили низ земјата и зачестеното воздушното бомбардирање на клучните градови.

2.Додека очите се вперени во Киев, Русија може да се обиде да ги опколи украинските борци на исток

Веројатно е дека Русија, во најмала рака, се обидува да освои делови од источна Украина. Областите како Доњецк и Луганск, кои го сочинуваат регионот на Донбас, се контролирани од сепаратисти поддржани од Русија од 2014 година, кога Русија го анектираше Крим, и иако амбициите на Русија може да се протегаат надвор од Донбас, сепак веројатно е дека истокот и е централен фокус.

3.Ќе се зборува повеќе за преговори

Едно од сценаријата е дека војната во Украина може да стане долготраен конфликт. Меѓутоа, Русија изгуби значителен број војници, оружје и опрема во војната, и затоа се претпоставува дека нема да сака да го продолжи воениот конфликт со Украина бидејќи тоа ќе и ја намали воената сила. „Преговорите изгледаат ветувачки бидејќи и Русија и Украина во последната недела рекоа дека се движат кон вистинска суштинска дискусија, наместо Русија само да постави ултиматум“, велат експертите. Руските власти рекоа дека нивните барања вклучуваат Украина да се откаже од барањето да се приклучи на НАТО и да се демилитаризира, и да прифати „неутрален“ статус, каков што имаат Австрија и Шведска. Но, ќе треба да се преговара за условите за тоа и што значи тоа за Украина.

4.Може да има големо „депортирање“ на Украинците во Русија

Русија им порача на жителите на јужниот град Мариупол да си заминат додека се спроведува агресивно воздушно бомбардирање што го распарчи градот. Нејзините сили ги отворија, како што ги нарекуваат, „хуманитарните коридори“ за да им овозможат на цивилите да избегаат, но десетици илјади од нив се превезени во Русија. Руската државна медиумска организација РИА Новости објави дека речиси 60.000 жители на Мариупол стигнале на руска територија. Руските медиуми покажаа линии возила кои очигледно се упатуваат на исток кон границата, на околу 40 километри од Мариупол. Советот на Мариупол ја обвини Русија дека ги принудува жителите да одат во Русија против нивна волја. Градоначалникот Вадим Боиченко изјави дека „она што го прават окупаторите денес е познато на постарата генерација, која ги виде ужасните настани од Втората светска војна, кога нацистите насилно заробија луѓе“.

5.Уште милиони Украинци би можеле да побегнат, оставајќи ја нацијата на парчиња

Веќе над 3,5 милиони Украинци ја напуштија земјата. Повеќето се жени и деца, што значи дека семејствата исто така се распаѓаат. Војната го предизвика најголемото движење на бегалци што Европа го видела од Втората светска војна. Тие бројки се зголемуваат со брзина од околу 100.000 луѓе дневно. Заедно со бројот на внатрешно раселени лица, 10 милиони Украинци сега ги напуштија своите домови. Тоа е речиси една четвртина од населението на земјата.

(преземено од Си-Ен-Ен)

Војна во Украина пет сценарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.