Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можно целосно укинување на маркичките за српското брашно

1
By Нова ТВ on April 19, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преговорите за увозот на српско брашно е можно да завршат со целосно укинување на маркичките, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Одговарајќи на новинарски прашања по добивањето на техничката помош од ЕУ, Николовски нагласи дека со меморандумот меѓу Македонија и Србија што треба да биде потпишан до 30 јули годинава, ќе се отвори и потребата од укинување на маркичката.

– И при првата средба во Скопје рековме дека отвораме храбри чекори за унапредување на соработката и укинување на нетарифните бариери. Веќе е договорено олеснување при извозот на оризот во Србија, радиоактивноста ќе се проверува на границата без да се чека, за ГМО ќе се признаваат нашите сертификати, анализи за листерија ќе се земаат само при проценка на ризик, а не постојано како сега, се кратат процедурите и за извоз на нашите градинарски производи, договорено е за максимум еден ден да завршат сите постапки, напомена министерот.

Според него, со унапредувањето на соработката и меѓусебното признавање на анализите, ќе се скрати не само времетраењето на контролите, туку значително ќе се намалат и трошоците со оглед дека некои анализи во Србија чинат 800 евра, а кај нас 200 евра.

Во врска со брашното,  дополни Николовски, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе воспостави нов систем на контрола, коридор при влезот на пратки со што надзорот е засилен.

На 12 април во Белград, српскиот вицепремиер и министер за трговија, Расим Љајиќ и вицепремиерот Кочо Анѓушев договорија привремено да се врати употребата на стариот правилник за увоз на српско брашно, но допрва ќе се одлучува од кога ќе почне да се применува.

Стариот правилник важеше се до февруари оваа година, а потоа нашата страна воведе измени, кои наидоа на остра реакција од Србија и најава за воведување на контрамерки.

Откако Македонија во февруари годинава воведе измени на правилникот, со кои се предвидува маркичките да се издаваат дури откако за брашното ќе се добијат резултатите од лабараториските анализи од Агенцијата за храна и ветеринарство, за да се гарантира дека брашното е безбедно за употреба за македонските потрошувачи, српските мелничари побараа од Владата да воведе контрамерки против Македонија, жалејќи се на поголеми давачки и забавување на процедурата.

Потоа, Македонија се согласи маркичките за пакувања од еден, два и пет килограми да се лепат во Србија, а на оние од 25 и 50 килограми, да се издаваат во земјава, а при посетата на Љајиќ на Скопје констатирано е дека недоразбирањата се надминати, но проблемот мора да се решава системски, со рок до 14 април.

Од Србија во Македонија годишно се извезува околу 40.000 до 50.000 тони брашно.

Минатата година увозот на брашно од Србија достигнал 53.000 тони и овие количини не се очекува да се зголемат со потпишување на договорите за унапредување на размената зашто толкава е потребата на македонскиот пазар, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со преговорите за надминување на бариерите, можно е донесување одлука за целосно укинување на маркичките за брашното.

Николовски рече дека до 30 јуни годинава треба да се усогласат и потпишат двата договора со Србија од областа на безбедноста на храната и фитосанитарната соработка, што ќе значи меѓусебно признавање на сертификатите, побрз проток на пратките, пониски трошоци и поконкурентни македонски  производи.

– Со меѓусебното признавање на сертификатите при извозот на македонските месни преработки двојно ќе се намалат цените за лабораторските испитувања зашто анализата во Србија е просечно околу 500 евра, а кај нас 200 евра, чекањето на граница за добивање резултати од анализите од 12 дена ќе се сведе на само еден ден. Македонските извозници на градинарски култури, резултатите од анализите ќе ги добиваат за еден ден, а не како досега за два до три дена, драстично ќе се намалат и трошоците за анализи на домати кои во земјава се 690 денари, а во Србија 2.630 денари, за пиперки кои се 655 денари кај нас, а 2.800 во Србија, за краставица кои се тука 370 денари, а во Србија 2.350 денари и за јаболка кои во Македонија се 965 денари, а во  Србија 4.025, велат од МЗШВ.

Според Министерсвото, во 2017 година се извезени 4.034 тони ориз во вредност од 1,8 милиони евра, 1.453 тони месни преработки во вредност од 2,1 милион евра, а извоз на јогурт и на кисело млеко не сме имале последниве години.

маркички Николовски правилник српско брашно увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.