Првиот ден на Божик – 7 јануари (петок), според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), неработниот ден е прогласен согласно Законот за празниците.

Од МТСП им го честитаат Божик на граѓаните од православната вероисповед.