Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МТСП: Со преку 236 милиони денари се поддржани нови 1.223 вработувања

0
By Нова ТВ on May 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата исплата во износ од 28,5 милиони денари за веќе склучените договори за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ се врши денеска, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Досега, за оваа мерка, се потпишани договори со 186 фирми кои вработиле 268 лица, а грантот го добиваат за набавка на нова опрема или репроматеријали.

Меѓу нововработените 128 се жени, а структурата на работните места покажува дека 147 лица имаат до 29 години и за нив компаниите добиваат неповратни 153.750 денари по лице. Една компанија може да аплицира за поддршка до пет вработувања. Обврска на компанијата е младите лица да ги задржи на работа најмалку една година.

„Активните мерки за вработување отвораат работни места и во услови на здравствено-економска криза предизвикана од ковид-19. Со финансиска помош за вработување на невработени лица во висина од над 236 милиони денари поддржани се 1.223 нови вработувања. Оперативниот план за вработување и во овие исклучително тешки услови се покажува како функционална рамка за отворање нови работни места која успешно го ублажува ударот на кризата и го олеснува опоравувањето на економијата“, се вели во соопштението од МТСП.

И за втората активна мерка за вработување „Субвенционирање на плати“, велат од Министерството, компаниите покажале исклучителен интерес.

„Агенцијата за вработување го распиша јавниот оглас за мерката на почетокот на март и досега се потпишани договори со 722 компании за вработување на вкупно 955 лица. Меѓу нив има 461 лице до 29 годишна возраст и 491 жена. За новоотворените работни места исплатени се средства во износ од 207,7 милиони денари кон 702 правни субјекти за вработување на 926 лица. За неколку дена ќе бидат исплатени дополнителни 6,6 милиони денари кон уште 20 правни субјекти за вработување на 29 лица“, велат од МТСП.

Кај субвенционирањето на плати, поддршката може да биде за три, за шест или 12 месеци. Се субвенционира бруто плата од 19.000 денари по лице. Со најголемата поддршка, фирмата добива неповратни 228.000 денари за вработување на едно лице, кое работодавачот има обврска да го задржи на работа вкупно 30 месеци. Компаниите, велат од МТСП, пројавиле голем интерес за објавување на втор оглас и за двете мерки.

За мерката практиканство, потпишани се договори со 476 правни субјекти, за ангажирање на вкупно 544 невработени лица. Од нив, 476 се до 29 годишна возраст, а 325 се жени. Практикантството трае три месеци, а исплатата се врши на крајот на секој месец, на сметка на практикантите, по претходен извештај од фирмата за редовност, во износ од 9.000,00 денари по лице за еден месец. Интересот на компаниите покажува дека ја препознаа можноста да обучат кадар согласно своите потреби, а младите луѓе го прифаќаат практикантството затоа што им обезбедува добро работно искуство и им ги подобрува шансите за квалитетна работа.

грантови Македонија МТСП плати Работни места Субвенционирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.