Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мугабе одбива да поднесе оставка, рокот истекува денеска

1
By Нова ТВ on November 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, се соочува со краен рок до денеска попладне, поставен од неговата партија да поднесе оставка, по синоќешниот говор во кој тој одби да се повлече, пренесува Би Би Си.

Според информациите, партијата на Мугабе му поставила рок до 12 часот по локално време да се повлече од фунцкијата претседател, ако не го стори тоа, тогаш раководството на партија соопшти дека ќе му го укине мандатот.

Постапките би можеле да почнат уште утре, кога парламентот ќе се состане.

Кризата започна пред две недели, кога 93-годишниот лидер го разреши неговиот заменик Еммерсон Монангагва, ги налути армиските команданти, кои го сметаа за обид да ја позиционира својата сопруга Грејс за иден претседател.

Во синоќешното обраќање на националната телевизија Мугабе рече дека останува на таа функција и покрај притисоците да поднесе оставка. Извори блиски на преговорите меѓу Мугабе и војската претходно најавија дека тој ќе поднесе оставка по 37 години на власт.

Мугабе рече дека ќе остане на местото шеф на државата барем до конгресот на владејачката партија Зану-ПФ во идниот месец.

За време на 20-минутниот говор, претседателот, кој беше опколен од генерали, не го спомена притисокот од неговата партија и јавноста да се откаже.

Наместо тоа, тој изјави дека војската не сторила ништо лошо со тоа што ја презеде власта и го ставила во домашен притвор.

краен рок Мугабе обраќање оставка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.