Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски денес имаше средба со Андреа Касконе, Директор за Јадранот и Западниот Балкан во Министерството за надворешни работи на Италија.

На средбата Муцунски истакна благодарност за принципиелната поддршка од страна на Италија која ја дава на Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската унија.

Муцунски пред Касконе ја потенцирал и поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја дава за побрзо отворање на пристапните преговори со ЕУ врз основна на европски вредности и критериуми, се вели во партиското соопштение.