Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: 13 граѓани казнети бидејќи со возила дошле на Средно Водно

0
By Нова ТВ on December 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тринаесет граѓани денеска се казнети од сообраќајната полиција бидејќи не ја почитувале забраната за движење со возила до Средно Водно, соопштиле за сдк.мк од МВР.

-До 13 часот казнети се 13 граѓани кои не ја почитуваат мерката за забрана на движење на возила на Водно за време на викендите и државни празници. Им беше изречена мерка за постапување спротивно на сообраќаен знак. Казната е 45 евра или 25 казнени бода. Сите граќани се казнети на потегот од центарот на Скопје кон Средно Водно. Во делот кај манастирот Свети Пантелејмон немаше граѓани кои со возила се упатуваа кон Средно Водно, велат од Министерството за внатрешни работи.

Град Скопје мерката за забрана за движење на возила кон Средно Водно ја воведе пред три недели, со цел заштита на парк шумата Водно. Оттогаш пуштени се две нови автобуски линии кои беспатно возат до Средно Водно, а исто така воведено е и бесплатно паркирање на паркиралиштата кај почетниците станици на линиите.

Минатиот викенд на Водно немаше полиција. Од МВР тогаш рекоа дека биле ангажирани за протестот на ВМРО-ДПМНЕ, а паркингот на Средно Водно беше полн со возила.

Градските власти потсетуваат дека денеска и за време на викендот граѓаните ќе имаат можност со автобус да се искачат до Средно Водно и да се рекреираат на чист воздух. На располагање им се двете нови пробни автобуски линии 25А и 25Б, како и постојната линија со број 25, кои за време на викендите и државните празници се бесплатни.

Град Скопје почнувајќи од 25 ноември годинава воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која важи секој викенд и за време на државните празници. Оваа забрана важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

За да им излезе во пресрет на граѓаните кои сакаат да се рекреираат на Водно, Град Скопје воведе две нови пробни автобуски линии што сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно автобусите се полнат со патници на почетната станица и возат без застанување до Средно Водно.

Пробната линија со број 25А сообраќа на релација Автомакедонија (Стара железничка станица) – Средно Водно, по улицата „Свети Кирил и Методиј“, булеварот „Мајка Тереза“ и обратно. Пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата Дом на печат – Средно Водно, по улицата „Свети Кирил и Методиј“, булеварот „Мајка Тереза“ и обратно. Возењето на трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) на почетокот ќе биде бесплатно. Град Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата „Свети Кирил и Методиј“ и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).

Градските власти потсетуваат дека од 9 до 16 часот е забрането движењето со возила до Средно Водно и оти непочитувањето на оваа забрана ќе се казнува според Законот за безбедност на патишта на Република Македонија, според кој висината на казната изнесува 45 евра во денарска противвредност.

Забраната за движење моторни возила до Средно Водно нема да се однесува на автобусите на ЈСП „Скопје“, возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, на штабовите за итни интервенции и на возилата со посебни одобренија.

забрана казни СРедно Водно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.