Жител на Свети Николе вчера се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи во фабрика, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР).
Вчера во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека П.К. (29) околу 01:45 часот се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи во фабрика во Свети Николе. За случајот се запознаени Трудов инспектор и Јавен обвинител, посочуваат од МВР.
Во дневниот Билтен на МВР се наведува и дека вчера во 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во клинички центар „Аџибадем Систина“ со тешки телесни повреди бил донесен В.П. (50) од Велес.
Од МВР потенцираат дека, според пријавеното, околу 16 часот тој се повредил додека извршувал работни задачи на објект во градба во трговски центар на подрачјето на Гази Баба. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.