МВР активно се вклучи во гасењето и превенирањето на пожарите во државата. И во изминатото деноноќие со несмален интензитет продолжија активностите на целата територија на Република Северна Македонија од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи каде што беа ангажирани околу 616 полициски службеници, 224 мото-патроли и 189 возила.
Полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и граничната полиција учествуваа и во спасувачката акција над село Разловци – Врв Чокалица на 1400 метри надморска височина. Граѓаните не се сами сите сме со нив, порачуваат од полицијата.