Едно лице е убиецот на Мартин Јанушев пред пет дена пред кафулето „Ред“ во населбата Аеродром.
Како што беше соопштено денеска во МВР, убиството нема друга заднина, освен меѓусебно недоразбирање.
Од МВР велат дека има напредок во истрагата, и дека по убиецот се трага.
До сега се сослушани 35 лица, земени се снимки од околните камери и изјави од сведоци.
-Се прават проверки и на агенцијата за да се види дали има поврзаност со убиството, истакна Спасовски, кој додаде дека се вршат сериозни проверки на сите агенции за обезбедување, изјави министерот Спасовски.
Од јули годинава до сега, има вкупно 12 убиства, од кои две се уште се нерасчистени: Убиството на Дилавер Бојку во Струга и последново, на Јанушев.