Министерството за внатрешни работи на својата интернет страница ги објави потерниците за Горан Грујевски, екс-началникот на петтата управа и Никола Бошкоски, вработен во УБК.
Двајцата обвинети се во бегство од 26 јули.
Грујевски е обвинет за кривичните дела „Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Фалсификување службена исправа“ и „Фалсификување службена исправа“, а Никола Бошкоски се товари за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.
Тие исчезнаа откако судот донесе одлука да бидат ставени во притвор. Полицијата неколкупати ги прегледа нивните домови и повеќе други локации за кои се сомнева дека можат да се кријат , но засега без резултат.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека одговорноста за бегството на двајцата обвинети од тајната полиција треба да се бара кај судот кому му требале четири часа за да го прати решението за притвор до МВР.