Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Напаѓачот вчера утрото двa пати го барал Toдоров во неговиот дом

0
By Нова ТВ on June 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР соопшти дека напаѓачот на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, вчера утрото неколку часа пред нападот, го барал Тодоров на неговата домашна адреса. Тој меѓу 8.15 и 8.45 часот, во два наврати дошол пред домот на екс министерот и барал да се види со него. Во продолжение  е целото соопштение од МВР.

Денеска (02.06) СВР Скопје-Единица за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде лицето Љ.С.(60) од с.Каласлари-Велес, поради основи на сомнение дека на 01.06.2017 година, пред Министерството за здравство, со употреба на огнено оружје-пиштол, врз оштетениот Н.Т. (38) од Скопје, поранешен министер за здравство, го сторил кривичното дело – “убиство во обид“.

Имено, вчера околу 12,00 часот додека Н.Т. , заедно со неговото обезбедување, се движел по скалите кон влезот на Министерството за здравство, каде требало да се изврши примопредавање на функцијата министер за здравство, Љ. С.се доближил до оштетениот со вперен пиштол кон него на растојание од околу 40 см, на што оштетениот реагирал на тој начин што го отурнал од себе. Во моментот кога Љ.С. бил отурнат од оштетениот, испукал еден проектил од пиштолот додека Н.Т. избегал низ влезната врата од Министерството за здравство каде ги известил вработените од обезбедувањето.

Од страна на вработените од обезбедувањето веднаш се преземени мерки и активности, при што во обидите да биде совладан, Љ.С. испукал уште еден проектил, по што пиштолот му паднал на земја и бил совладан.

По ова, од страна на вработените во обезбедувањето настанот бил пријавен на 192 и за кусо време пристигнале полициски службеници од ЕПОИ АЛФА по што Љ.С. бил лишен од слобода и со возило на ИМП во присуство на лекар, од местото на настанот бил пренесен до Ургентен клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје.

Во рамки на преземените истражни дејства извршен е и разговор со таткото на оштетениот, при што тој изјавил дека на 01.06.2017 година, меѓу 08,15 и 08,45 часот, на домашната адреса на оштетениот во два наврати дошол пријавениот барајќи да се види со поранешниот министер за здравство.

На местото на настанот од страна на СВР Скопје-ЕУМНА е извршен увид и подигнатиот материјал (еден пиштол и други предмети) е доставен за понатамошна обработка, а пријавениот по укажаната лекарска помош е задржан во полициска станица. Во дадената изјава пред полициските службеници од Единицата за насилен криминал, Љ.С., во присуство на адвокат го искористил правото на молчење.

Судија на претходна постапка денеска на Стојановски му одреди мерка притвор во траење од 30. дена.

Љупчо Стојановски МВР Министерство за здравство напаѓач Никола Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.