Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР:Павле Богоевски бил приведен зашто транспарентите биле навредливи

6
By Нова ТВ on June 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи по девет дена испрати одговор на прашањата за НОВА зошто активистот Павле Богоевски беше уапсен во близина на Камениот Мост за време на герила акција вечерта кога владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ славеше роденден.

13494960_10153612843092927_3141315559293045526_n-1200x545_c

Според МВР, Богоевски бил уапсен бидејќи со обидот да се постави платно со, како што тврдат од МВР,  испишана навредлива содржина се нарушил јавниот ред и мир.

„СВР Скопје на ден 19.06.2016 година постапи согласно претходно изготвен план за физичко обезбедување на прослава по повод 26. роденден на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Музеј на Македонската борба. За време на обезбедувањето нарушен е јавниот ред и мир со обид за поставување платно со испишана навредлива содржина на кејот од десната страна на Вардар. Притоа, од страна на СВР Скопје е интервенирано и приведено е лицето Павле Богоевски, осомничен за сторен прекршок од ЗППЈРМ, при што е воспоставен нарушениот Јавен ред и мир.“, велат од МВР

На прашањето на НОВА каква била улогата на Александар Василевски познат како Нинџа, лице со дебело полициско досие, кое на снимките се гледа како им го предава Богоевски на полицајците, од МВР одговорија:

„Останатите лица за кои не е утврден идентитетот и кои биле присутни на местото на настанот, веднаш си заминале.“ се вели во одговорот од МВР за НОВА.

ninga

Инаку, активистите на Шарената револуција вечерта на 19. јуни се обидоа да постават платно на кое беа испишани следниве пораки: „Година по година, криминално здружение!, „Партијата да се одвои од Гатачката!“.

13339537_10208990619225748_5385125060948962454_n-648x437

Во некоја од овие пораки МВР видело навреда и проценило дека не смее да биде поставен транспарентот. Затоа бил приведен Богоевски.

 

#Шарена револуција ВМРО-ДПМНЕ МВР Нинџа Павле Богоевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.