Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава, регистрира 359 случаи на неносење на заштитна маска, една од трите основни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.
Од МВР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.