Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Националната листа за трансплантации на бубрег во финална фаза

0
By Нова ТВ on October 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 12, 2019 15:08

Трансплантацијата на органи во земјава е еден од приоритетите на Министерството за здравство и на Владата. Во финална фаза е изработката на Национална листа за трансплантација на бубрег што треба да биде готова до крај на месецот на листата и на неа ќе има повеќе од 150 хла типизирани пациенти на дијализа кои имаат потреба од бубрег. Националната листа е изработена по примерот на Еуротрансплант и се прави за првпат во државава, соопштуваат од Министерството за здравство.

Од таму посочуваат дека веќе се склучени договори за соработка со болници од Израел и од Турција, а се водат преговори за соработка и со центри во Словенија, Хрватска и Австрија, како и потпишување на договор со Еуротрансплант што ќе овозможи размена на органи со блиски земји.

Годинава, покрај трансплантациите од жив донор, направени се и четири кадаверични трансплантации и осум пациенти на дијализа добија шанса за нормален живот со бубрегот од починат донор. Планирано е оваа бројка да биде двојно зголемена во 2020 година, наведуваат од Министерството.

Паралелно со трансплантацијата на бубрег, се прават подготовки и за трансплантација на срце и црн дроб. Тим експерти кардиохирурзи, кардиолози и интернисти се во координација и веќе се работи на изработка и на Национална листа за трансплантација на срце, а паралелно со тоа и на финиширање на подготовките за практична реализација на зафатот. Целта е идната година да се направи и трансплантација на црн дроб во земјава, потенцираат од Министерството.

Од Министерството планираат идната година да ја посветат на кампања за подигнување на свеста за органодонорството. Трансплантацијата ќе биде тема и на стручната дебата на 15 октомври, светскиот ден на органодонорство.

Бубрег Министерство за здравство Национална листа трансплантација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.