Расте бројот на деца, кои деновиве ја примиле МРП вакцината. Во поликлиниките во Скопје, денеска до 11 часот вкупно се вакцинирани 703 деца.

Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), но има еден случај за кој се чека лабораторска потврда.

Министерството за здравство апелира до граѓаните, кои се сомневаат дека нивните деца имаат симптоми на морбили, да ги однесат на преглед во ГОБ „8 Септември“ или на Клиниката на инфективни и фебрилни состојби.

Родителите кои со своите деца ќе одат во поликлиниките на вакцинација, имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да ги вакцинираат.

Министерството за здравство уверува дека МПР вакцината е со проверен квалитет, произведена во Белгија од реномиран производител, кој има два сертификати за квалитет и истата ја употребува за вакцинација на децата во својата земја.