Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Шеесет и еден заразен со жолтица, меѓу нив ученици од основни и средни училишта

0
By Нова ТВ on December 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 17, 2019 16:13

Шеесет и едно лице во Скопје се заразиле со жолтица во изминатите три месеци. Меѓу заразените има ученици од пет основни и четири средни училишта во градот. Изворот на заразата не се училиштата. Жолтицата не е високозаразна болест, како што се морбилите и затоа нема простор за паника со оглед дека со редовно применување на правилата за лична хигиена се спречува ширењето на болеста, информираат од Министерството за здравство.

За секој појавен случај во кое било училиште, посочуваат од Министерството, епидемиолошка екипа врши санитарно-хигиенски и епидемиолошки увид и препорачува епидемиски мерки за превенција од ширење на болеста во училиштето кои вклучуваат: детално континуирано механичко чистење на објектот, зајакната дезинфекција посебно на санитарните јазли од страна на училиштето, како и вонредна дезинфекција од Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од Центарот за јавно здравје Скопје. Потоа, обезбедување течен сапун за раце, течен дезинфициен за раце во санитарните јазли, честа едукација на учениците за одржување на личната хигиена (миење раце), правилно користење на бришачите за подовите од страна на хигиеничарките и посебни бришачи за санитарните јазли.

Од Министерството наведуваат дека во исто време ученици со какви било симптоми на болест се ослободуваат од настава за да се спречи ширење на заразата. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова во врска со тоа дали извршиле надзор во училиштата, изјави дека од аспект на хигиенско-санитетски мерки утврдиле нема забелешки.

„Едно прашање е дали има сапун, а друго прашање е дали децата мијат раце, затоа што ова е болест на нечисти раце. Може да има сто килограми сапун, а ако децата не мијат раце залудно е“, коментира Сотирова Бухова.

Жолтица здравство Министерство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.