Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗТ Скопје се доекипира: Американците Бејли и Џенсен нови „штркови“

0
By Нова ТВ on August 18, 2017 СПОРТ
Фото: mztskopjeaerodrom.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американците Даниел Џенсен и Бред Бејли се нови членови на МЗТ Скопје Аеродром. Нивното приклучување кон „штрковите“ се очекува најдоцна до вторник за кога е најавен и почетокот на подготовките за новата сезона.

Џенсен (23) е висок 203 сантиметри и игра на позиција крилен центар. Минатата сезона ја мина во дресот на белгиски Лимбург и, меѓудругото, важи и за одличен шутер. Статистиката, како што наведуваат од клубот, покажува дека секој трет негов обид за тројка минува низ обрачот и се надеваат дека ќе биде од големо значење на „сино-белите“ од СЦ „Јане Сандански“ во настапите во АБА лигата и во домашното првенство.

За неговиот сонародник со славно дипломатско презиме кај нас, пак, трансферот во МЗТ Скопје ќе биде прво интернационално искуство во кариерата. Бејли има 20 години, висок е 200 сантиметри и игра на позицијата ниско крило. Последните четири години ги одигра за универзитетскиот тим на Сан Диего и во минатата сезона бележел по 15,6 поени и 6,9 скока по натпревар. Тројките, исто така, се сметаат за негов најсилен адут.

Управата на аеродромци претходно обезбеди потпис на уште еден Американец. Ерик Гарсија ја прифати понудата на шесткратниот македонски првак и во Скопје ќе пристигне од екипата на Вофорд во американската НЦАА лига. Во тимот на МЗТ Скопје се враќаат и репрезентативците Дамјан Стојановски и Бобан Стаиќ. Тренерот Александар Тодоров на располагање ќе го има и Бојан Трајковски, дел од првата екипа ќе бидат и перспективните Андреј Маслинко, Михајло Митев и Ранко Мамузиќ.

Бред Бејли Даниел Џенсен кошарка МЗТ Скопје Аеродром
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.