Хонг Конг: Бројот на жртви од огромниот пожар што зафати станбен комплекс од облакодери во Хонг Конг досега се зголеми на 36, соопшти вечерва градоначланикот Џон Ли.
Најмалку 279 лица сè уште се сметаат за исчезнати, додаде тој, додека неколку десетици се хоспитализирани.
До овој момент, пожарот предизвика смрт на 36 лица, а 279 се сметаат за исчезнати. Уште 29 лица се хоспитализирани, од кои седум се во критична состојба, рече Ли на прес-конференција вечерва, што во Хонг Конг по локално време е длабоко во ноќта меѓу среда и четврток.
Пожарот избувна во округот Таи По, во северниот дел на Хонг Конг.
Пожарникарите со часови се бореа со пожарот што избувна во Ванг Фук Корт, комплекс од високи згради во Хонг Конг, со повеќе од 2.000 станови.
Во округот Таи По, што се наоѓа по должината на границата со Кина, живеат околу 300.000 лица.
Локалниот радиодифузер ТВБ објави дека комплексот е во процес на обемна реконструкција, при што било користено скеле од бамбус.

