Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На 19 декември пресуда за случајот на убиениот Рами Јусуфов

0
By Нова ТВ on December 11, 2017 ПОЛИТИКА
Фото: Фокус
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 19.декември Основниот суд Скопје 2 ќе донесе одлука дали семејството на убиениот Рами Јусуфов ќе добие милион евра отштета во случајот против МВР и Јохан Тарчуловски.

Јусуфов беше убиен во селото Љуботен во 2001, а доколку судот одреди семејството да биде обесштетено, средствата ќе се исплатат од буџетот на МВР, бидејќи судот веќе донел одлука со која го отфрлил барањето за проширување на тужбата против Јохан Тарчуловски.

Семејството се повикува на пресудата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, каде пишува дека Тарчуловски учествувал како припадник на безбедносните сили токму во тоа село во критичниот ден кога бил убиен Рами Јусуфов.

Тарчуловски во затворот во Шевенинген беше спроведен на 16 март 2005 година по барање на Хашкиот трибунал. Судот во 2008 година го ослободи ексминистерот Љубе Бошкоски од обвиненијата за извршени злосторства во скопското село Љуботен, но затоа, пак, Јохан Тарчуловски беше осуден на казна затвор во траење од 12 години.

Тарчуловски моментално се наоѓа во домашен притвор поради настаните што се случија на 27 април во Собранието.

Јоган Тарчуловски пресуда Рами Јусуфов Хаг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.