-Здравствено се чувствувам лошо, се борам со тешката болест. Со голем тим на стручњаци и лекари се надевам дека ќе ја победам тешката болест. Многу се избориле, се надевам ќе го сторам и јас тоа, мислите ми се позитивни..ова им го изјавила Његомир пред само десетина дена на новинарите , информирајќи ги за тешката болест со која се соочува и дека  најголема поддршка и се децата.

Таа имаше 69 години.

-Јас која секогаш експлодирав од енергија, сега немам здив од болка, рекла Његомир во својата последна комуникација со медиумите.

Његомир во својата кариера сними над 25 албуми и испеа хитови кои со право се карактеризираат како безвременски.