НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На 9 ноември стасува новиот извештај на ЕК, полош од ланскиот

0
By Светлана Јовановска on September 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годишниот извештај на Европската комисија (ЕК) за Македонија годинава нема да содржи многу пофални зборови за земјата. Во најдобар случај, Македонија ќе ја добие истата минатогодишна формулација – условена препорака за старт за преговори за членство  дознава НОВА во Брисел.

Годишниот извештајот на ЕК за Македонија ќе биде објавен на 9 ноември.

Работата врз извештајот е се уште во тек а заклучокот со препораката ќе се оформува во наредните денови. Извештајот ќе биде објавен на 9 ноември.

Да се потсетиме што напиша ЕК пред една година:

“Во светло на напредокот направен досега во примената на политичкиот договор од јуни и јули (2015 година), ЕК е подготвена да ја продолжи својата препорака за отворање преговори за членство со поранешната југословенска Репулика Македонија. Тоа, сепак, е условено со континуирана примена на политичкиот договор од јуни и јули и занаен напредок во примената на итните реформски приоритет. Ова прашање ќе биде отворено повторно по изборите”, напиша ЕК на 10 ноември 2015 година.

Комесарот Јоханес Хан вети дека прашањето ќе се отвори наново по изборите. Но бидејќи избори немаше, прашањето остана затворено.

johannes-hahn-565x376

Брисел нема многу да се мачи годинава во конфекционирањето на новиот годишен извештај предвиден за 9 ноември. Минатогодишниот извештај содржи се што во Македонија не е направено како целосно споредувањето на Пржинскиот договор, целосна поддршка за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и целосна примена на итните реформи содржани во извештајот на Рајнхард Прибе од јуни 2015 година.

Според првите најави, условеноста ќе остане се додека не заврши изборниот процес.

За да можеме да ја задржиме условената препорака, од нас се очекува целосно споредувањето на Пржинскиот договор, целосна поддршка за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и целосна примена на итните реформи содржани во извештајот на Рајнхард Прибе од мај 2015 година.

reinhard-priebe

Рајнхард Прибе

Извештајот на ЕК заклучува дека примената на Итните реформски приоритети не дала резултати. Нема сомнение дека и извештајот за 2016 година Комисијата може од збор да збор да го повтори овој заклучок.

Брисел загрижен за СЈО и изборите

Првата бриселска грижа кога станува збор за Македонија е можната одлука на Уставниот суд за (не)уставноста на СЈО. Официјално, ЕК не сака да коментира и не сака да се меша во работата на највисокото судско тело во земјата. Сепак, функционерите задолжени за Македонија не ја кријат загриженоста:

“Ако Уставниот суд одлучи дека СЈО е неуставна институција тоа ќе донесе нова политичка бура во земјата и остри реакции од меѓународната заедница”, вели еден од изворите на НОВА.

Се разбира во ЕУ никој нема да каже како треба да одлучува Уставниот суд, но нашиот извор потсетува на лутите меѓународни реакции за аболицијата на претседателот, како и гневот внатре во земјата кои доведоа по повлекување на одлуката на претседателот. Конечно, на луѓето кои го следат македонското досие во Брисел им е јасно како бел ден дека ваквите одлуки се решаваат во тесниот круг околу екс премиерот.

Второто прашање што Брисел си го поставува е – дали ќе има избори на 11 декември како што четирите партии се договорија. Очекувањата се дека партиите ќе се држат до договореното но можното укинување на СЈО може донесе нова криза на веќе постоечката и да го доведе во прашање одржувањето на изборите на закажаниот датум.

Следниот извештај во 2018 година

Во 2017 година ЕК нема да прави извештај за напредокот на балканските земји и Турција кон ЕУ.

Новиот извештај на ЕК ќе биде објавен на 9 ноември оваа година. Но потоа ќе следи пауза од година и половина. Според новиот план на политиката на проширувањето, извештаите за Балканот и за Турција од есен се селат на пролет па извештајот кој ќе ја покрива 2017 година ќе биде објавен во март 2018 година.

Од една страна, тоа би требало да биде убава вест. Брисел очекува дека дотогаш политичката ситуација во Македонија ќе се стабилизира и дека ќе може да се зборува за преговори за членство.

Но, според песимистичката прогноза, оваа најава би можела да ги сопре ионака слабите напори за стабилизирање на земјата и да и нанесе удар на работата на СЈО.

151110ec2-detail

Што напиша ЕК пред една година за судството

Ситуацијата назадува од 2014 година бидејќи успесите на реформскиот процес од минатата деценија се сериозно поткопани од актуелното и потенцијално политичко мешање во работата на судството. Индициите за злоупотреби кои произлегуваат од пресретнати комуникации треба да бидат целосно истражени. Властите сега треба да покажат вистинска политичка волја за да се обезбеди целосна независност на судскиот систем, што подразбира и непречена работа за новонаименуваниот специјален обвинител во истрагата за прислушуваните разговори и нивната содржина.

Што напиша ЕК пред една година за политичката криза

Оваа година поранешната југословенска Република Македонија се соочи со најлошата политичка криза од 2001 година досега. Политичка култура на поделни, недостиг на компромис вклучително и бојкот на парламентот од главната опозициска партија и понатамошна ерозија на довербата во јавните институции. Кризата беше продлабочена од објавата на прислушуваните разговори на високи функционери од владата и владеачката партија кои сугерираат дека се нарушени фундаменталните права, дека има мешање во судската независност, слободата на медиумите и изборите и политизација и корупција во повеќе области.

Загриженоста за овие прашање била сигнализирана во претходните годишни извештаи.

Македонската влада, парламентот и релевантните тела не реагираа на вистинскиот начин на овие објави. Како одговор, ЕК издаде “Итни реформски приоритети” засновани на претходните препорака и делумно на препораките обезбедени од групата на независни експерти за владеење на правото кои ја анализираа ситуацијата. Независните експерти идентификуваа зачајни недостатоци во областите опфатени во прислушуваните разговори, во судството и обвинителството, надворешното набљудување на независните тела, изборите и медиумите.

Извештајот на ЕК заклучува дека примената на Итните реформски приоритети не дала резултати. Нема сомнение дека и извештајот за 2016 година Комисијата може од збор да збор да го повтори овој заклучок.

годишен извештај за напредок ЕК избори политичка криза СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.