Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На безгрижните денови на Груевски можеби им се ближи крајот, анализира „Репортинг Демокраси”

0
By НОВА ТВ Balaban on November 13, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 13, 2021 09:26

И покрај тоа, според авторите на анализата, постојат правни начини да му се укине статусот на азилант на Груевски, бидејќи Националниот генерален директорат за управување со странци на Унгарија, на секои три години ги проверува бегалските статуси.

Животот на поранешниот авторитарен премиер во Северна Македонија, Никола Груевски, последниве три години изгледаше вака: бегалец од правдата во својата татковина и барател на политички азил во Унгарија, заштитен од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Меѓутоа, со неодамнешниот избор на Петер Марки-Зај, конзервативен градоначалник на Вашархељ, за лидер на здружената опозиција во Унгарија, кој се смета дека има најдобра шанса да го порази долгогодишниот актуелен унгарски премиер на следните избори, што треба да се одржат во април 2022, политичката клима во земјата би можела да стане неповолна за Груевски, се наведува во анализа објавена на новинарската платформа „Репортинг Демокраси”.

Во анализата се потсетува дека Марки-Зај неодамна во објава на Фејсбук најави дека „ќе ги екстрадира криминалните мигранти кои ФИДЕС (партијата на Орбан) ги донесе во земјата: Никола Груевски од Северна Македонија, Заид Нафа од Јордан и други”.

Сепак, како што се наведува во текстот, според правни експерти, за да му биде укинат статусот на Груевски како азилант и за негова екстрадиција ќе треба повеќе од политичка волја и тој процес би бил многу комплициран и долг.

– Во демократска држава базирана на владеењето на правото, ниту една влада, ниту еден премиер, немаат право некому да му го одземат статусот на бегалец, изјави Андрас Ледерер, претставник на унгарскиот Хелсиншки комитет, задолжен за мониторинг на човековите права.

Но, и покрај тоа, според авторите на анализата, постојат правни начини да му се укине статусот на азилант на Груевски, бидејќи Националниот генерален директорат за управување со странци на Унгарија, на секои три години ги проверува бегалските статуси.

– Тоа е всушност една нова процедура за азил, во која подносителот мора да докаже дека сè уште постојат причините поради кои му е одобрен азилот. Врз основа на доказите, властите може да одлучат дали ќе го продолжат азилот или ќе го укинат, објаснува Ледерер.

Во анализата се потсетува дека Груевски „стигна во Унгарија на 11 или 12 ноември 2018 година, за да избегне отслужување на двегодишна затворска казна”, по што уште истиот месец доби азил по итна постапка, која „многу критичари ја сметаа за мошне контроверзна и како личен гест на добра волја на Орбан кон неговиот политички сојузник”.

– (Груевски) во својот ракав криеше ас – мислење на Комисијата за заштита од дискриминација кое го добил кратко пред да избега и во кое се тврдеше дека бил дискриминиран и дека нема да добие фер судење во неговата држава. Иронија е тоа што оваа Комисија беше избрана во времето кога партијата на Груевски беше на власт и предводена од неговиот силен поддржувач – Александар Даштевски, се додава во текстот, при што се потсетува дека барањето за азил во Унгарија беше одобрено за помалку од 10 дена.

Во анализата се нагласува дека унгарски невладини организации, како Хелсиншкиот комитет, биле изненадени од брзото одобрување на барањето за азил на Груевски, посочувајќи дека на имиграциските власти во Унгарија вообичаено им требаат околу 60 дена за да одлучат за такви барања, кои најчесто ги одбиваат. Тие потенцираат дека во 2018 година, Унгарија им дала азил на 68 лица, а одбила 595 азилантски барања.

– Но, дури и ако азилантскиот статус на Груевски во Унгарија биде укинат, тој би можел да поднесе жалба на одлуката до унгарски суд, се додава во анализата.

Во текстот се потсетува дека Суд во Унгарија во 2019 година веќе одби барање од Северна Македонија за екстрадиција на Груевски, тврдејќи дека „лице препознаено како бегалец не може да биде екстрадирано во државата од која побегнало”.

– Во нов процес, ако има ново барање за екстрадиција од Северна Македонија, и ако Груевски веќе не биде сметан за бегалец, тогаш би можел да биде екстрадиран. Но, унгарски суд мора да одлучи дали во татковината ќе има фер судење, објаснува Ледерер, додавајќи дека целиот процес би можел да потрае со месеци, ако не и со години.

Во анализата се нагласува и дека некои унгарски медиуми, како сајтот 24.hu, шпекулираат дека во случај да му биде укинат азилот во Унгарија, Груевски „би можел да реши да се пресели во Турција или Русија”.

„Репортинг Демокраси” анализира Крајот Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.