Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Германија ѝ недостигаат рекордни 558.000 работници, најмногу во здравството

0
By Biljana on May 14, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Фото: bloomberg.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Германија ситуацијата со недостиг на квалификувана работна сила во првиот квартал од оваа година дополнително се влоши, објави денеска Институтот за германска економија.

„Во март, бројот на непополнети работни места за кои работодавачите не можат да најдат соодветна работна сила се зголеми за дополнителни 88.000 и сега изнесува рекордни 558.000“, се вели во соопштението на Германскиот економски институт, кој се повикува на свое истражување.

Недостигот од квалификувани работници, според истражувањето, ги погодува сите сегменти на пазарот на трудот, но особено е изразен во областа на здравството, социјалната заштита, образованието и градежништвото.

„Само во секторите за здравство, социјална заштита и образование, шест од десет работни места не се пополнети поради недостиг на соодветна работна сила“, се наведува во соопштението.

Во пандемските години, 2020 и 2021 година, приливот на квалификувана работна сила од странство забави, но трендот на зголемување на бројот на непополнети работни места започна многу порано. Една од причините е и пензионирањето на силната генерација од средината на педесеттите.

Федералната влада објави дека во последните години расте бројот на пензионери, односно лица кои наполниле 67 години, а се уште се активни на пазарот на трудот.

Германија здравство образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.