Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На изложбата „Emersions: archive vivante“ во Париз објавена фотографија на претседателот Глигоров и уметничка слика на Манев

0
By Mirjana on February 5, 2022 КУЛТУРА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Меѓународниот град на уметностите во Париз, Франција, од 10 јануари до 30 јуни е поставена големата изложба „Emersions: archive vivante“ („Повторно надвор: жива архива“), која содржи архивски материјали од богатата историја на оваа реномирана фондација која обединува уметници од целиот свет. На изложбата се застапени и фотографии на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров на Ателјето, и уметничко дело од академскиот сликар Коле Манев, еден од многубројните македонски уметници кои во изминатите децении имале можност да престојуваат и да творат во популарното Ателје во Париз.

Во 2002 година Министерството за култура потпиша Договор за соработка со организацијата на Меѓународниот град на уметностите во Париз за следните 60 години. Таа година е основано и  македонското Ателје, каде што продолжи континуираниот престој на македонските уметници кои дотогаш во Париз беа присутни преку ателјеата на поранешната Југославија.

Изложбата ја раскажува приказната за Меѓународниот град на уметностите во Париз од неговото основање. Застапени се архивски фотографии, сведоштва, документарни видеа од архивата на фондацијата, во која се претставиле над 30 000 уметници од целиот свет. Оваа изложба – конципирана на темата „Градот и Европа“ – е дел од долгорочниот проект на фондацијата, која предвидува и други две изложби.

Уште од основањето на Меѓународниот град на уметностите во Париз во 1965 година, голем број реномирани уметници од целиот свет учествуваат во програмите на Ателјето кои поттикнуваат меѓукултурен дијалог и обезбедуваат место каде што уметниците можат да остварат професионални контакти.

Во партнерство со 135 француски и меѓународни организации од над 60 земји, Ателјето пречекува повеќе од 300 уметници од различни уметнички области за резиденции што траат до 1 година.

На годишно ниво, по 6 ликовни или музички уметници од Република Северна Македонија реализираат по 2-месечен престој во Париз, а во договор со управата на Меѓународниот град, може да се организираат и самостојни изложби на нашите уметници. Од 2002 година, над 90 етаблирани, но и млади уметници од Република Северна Македонија имаат реализирано престој во Ателјето.

Престојот во Меѓународниот град на уметностите е драгоцена можност за промоција и афирмација на репродуктивни уметници од Република Северна Македонија и на нивното творештво во меѓународни рамки. За сиве овие години, преку повеќемесечниот престој во центарот на европската уметност, македонските уметници, што е особено важно и од помладата генерација, остварија трајни пријателства, ширејќи ја светската култура во земјава и афирмирајќи го македонското творештво надвор.

ИЗЛОЖБА ПАРИЗ МАКЕДОНСКА АРХИВА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.