Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Јанкулоска ќе и се суди одвоено во „Таргет-Тврдина“

1
By Нова ТВ on June 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 19, 2018 12:16

Пауза од еден час даде судијката Џенета Бегтовиќ на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ за адвокатот Петар Василевски да го достави пред Судот примерокот од одлуката на Врховниот суд на Грција, со која се ослободени од екстрадициски притвор поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Претходно, Судот констатира дека е примен поднесок на 14-ти овој месец во Министерството за правда со кое се известува дека немаат до тогаш добиено известие за барањето за екстрадиција на Бошковски и Грујевски.

Адвокатот Василев пред Судот рече дека одлуката пред Врховниот суд во Атина е донесена на 18 мај годинава и притоа им било соопштено дека поради постоење на акт на помилување, односно поради одлука на Претседателот на Република Македонија да бидат ослободени од прогон, истите мора да бидат пуштени на слобода.

– По вака објавената одлука сега обвинетите веднаш се пуштени на слобода, рече Василев.

Судечкиот совет на денешното рочиште констатира дека е примен поднесок од обвинетата Гордана Јанкулоска за спреченост да присуствува на судењето заради отворено породилно отсуство со ризична бременост.

Обвинителката од СЈО Ленче Ристевска во однос на поднесокот од Јанкулоска рече дека согласно наведената здравствена состојба обвинетата нема да може да присуствува подолго време, поради што, како што додаде, верува оти се исполнети условите постапката против неа да биде раздвоена.

Судот донесе решение постапката против Јанкулоска да се раздвои, а да продолжи против останатите обвинети во овој случај, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешниот негов шеф на кабинет Тони Јакимовски, како и за Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се во Грција откако беше одбиено барањето за нивна екстрадиција во земјава.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Јанкулоска Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.