Серена Вилијамс стана мајка. Американската тенисерка се породи на Флорида и на свет донесе девојче, тешко околу три килограми, чие име ќе биде дополнително познато.
Светските медиуми пренесуваат дека мајката и бебето се чувствуваат одлично. Серена Вилијамс и нејзиниот свршеник Алекс Оенијан со нетрпение го очекуваа денешниот ден, а, моментно 15 тениски рекет кај дамите, уште во април, преку социјалните мрежи, ја сподели среќната вест дека е бремена.