За време на новогодишните празници се запалени или уништени вкупно десет садови за собирање на отпад на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.
Најголемиот број на контејнери биле запалени на булеварот „Партизански одреди“ во општината Карпош. На улицата „Јане Лукроски“ во општина Гази Баба е запален еден специјален контејнер-ѕвоно наменет за селекција на стакло.
Од ЈП „Комунална хигиена“ соопштуваат дека со овие постапки се нанесува голема финансиска штета на претпријатието и се создаваат проблеми при одложување и собирање на комуналниот отпад во градот.
Од таму со апел до граѓаните да престанат со уништување на опремата на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и совесно да го одлагаат својот отпад.