Фудбалерите на Динамо Загреб и математички ја осигураа 20. шампионска титула во хрватското првенство. Со минималниот триумф над Славен Белупо во Копривница, „модрите“ го одбранија тронот на шест кола до крај на сезоната.
Екипата чиј капитен е македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми има дури 23 бода повеќе од Риека на второто место. Динамо е доминантен на хрватската фудбалска сцена во изминатите 15 години во кои само еднаш ја загубија титулата од Риека во сезоната 2016/17.