Иран достави нов предлог за примирје со САД до пакистанските медијатори, но Доналд Трамп вели дека не е задоволен од него, објави „Гардијан“.
Моментално водиме разговори, но не се задоволителни, им рече тој на новинарите додавајќи дека неговите опции се „или да ги разурне, или да направи договор“.
Трамп не образложи што е незадоволително во најновиот предлог но рече дека „бараат работи на кои не можам да се согласам“.
Иранските државни медиуми објавија дека Техеран ја дал понудата во Пакистан минатата вечер за таа да биде пренесена на Вашингтон, но без да се открие содржината.
Новиот предлог иницијално беше сметан од пакистанската влада како резултат на енергична дипломатија.
Белата куќа денеска соопшти дека нема да изнесува детали за приватни дипломатски разговори, одговарајќи на прашањето за новиот предлог на Иран упатен до САД преку посредникот Пакистан.




