Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На валканата војна и`се закануваат „валкани бомби“

0
By Marija Todorovska on February 19, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 19, 2025 14:14

 Тие се повеќе психолошко оружје. Кога сакате да ги исплашите луѓето, користите вакво оружје – вели Скот Рокер од истражувачкиот институт „Иницијатива за нуклеарна закана“.

Во некоја форма започнаа мировните преговори за војната во Украина предводени од САД. Во меѓувреме во Украина и во делови на Русија продолжуваат воените дејствија. Последните денови се позачестено се зборува и за употреба на неконвенционално оружје т.н “валкани бомби“. Русија денеска ја обвини Украина дека подготвува такво оружје со намера таа да биде обвинета, од друга страна Украина повикувајќи се на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) која потврди дека на територијата на Украина до сега не пронашла траги дека се произведува такво оружје.

Што претставува “валкана бомба“ и колку е опасна?

Од “валканите бомби“ веќе подолго време се стравува како потенцијално оружје на терористите, бидејќи нивна главна цел е да шират паника преку испуштање радиоактивна прашина и чад, пишува „Гардијан“, по меѓусебните обвинувања на Русија и Украина за можната употреба на вакво оружје во војната.

Иако досега не е забележана употребата на „валкана бомба“, имало два неуспешни обида за детонирање на таква направа во јужната руска провинција Чеченија пред повеќе од 20 години, наведува британскиот весник.

„Валканите бомби“се релативно примитивни и непрецизни оружја. Тие се многу полесни и поевтини за правење отколку нуклеарно оружје, како и значително помалку опасни.

Тие користат конвенционални експлозиви, како што е динамитот, заедно со радиоактивен матријал кој се испушта со екплозијата. Количеството на исфрлениот нуклеарен материјал не е нужно и смртоносно, иако е опасно.

Материјалот користен во бомбата може да биде земен од различни извори, како што се и медицината, индустријата или истражувачките капацитети.

Бројот на жртви и нанесената штета од „валкана бомба“ зависат од повеќе фактори. Клучно е количестевото на конвенционални експлозиви што се користат, односно од кои зависи силината на експлозијата.

Количеството и видот на радиоактивните материјали и другите фактори, како што е ветерот во времето на екплозијата, одредуваат колкаво подрачје може да биде зафатено од ефектите на бомбата. Повеќето „валкани бомби“ не испуштаат доволно радијација за да предизвикаат смрт или тешки заболувања. А ниските нивоа на радијација вообичаено не предизвикуваат симптоми, па луѓето не ни знаат дека се изложени на радијација, според „Гардијан“.

Влијанието на бомбата е психолошко, поради што ваквите направи се сметаат за „оружје за масовно нарушување“. Тие не се за употреба на бојното поле, туку во населени области.

 Тие се повеќе психолошко оружје. Кога сакате да ги исплашите луѓето, користите вакво оружје – вели Скот Рокер од истражувачкиот институт „Иницијатива за нуклеарна закана“

Радиоактивната прашина и чад можат да се прошират далеку и се опасни ако бидат вдишани во близина на експлозијата, според експертот. Но, со ширењето, радиоактивниот материјал станува помалку опасен. За откривање на радијацијата е потребна специјална опрема, а справувањето со ефектите и чистењето е скап процес.

Дали некогаш била употребена валкана бомба?

Во 1995 година чеченските бунтовници поставија, но не успеаја да детонираат таква бомба во московски парк, според Советот за надворешни односи.

Имаше извештаи дека терористичките организации како Ал Каеда или ИСИС направиле или се обиделе да направат валкана бомба, но ниедна никогаш не е активирана.

Дали нуклеарниот материјал во валкана бомба е смртоносен?

Од американското Министерство за домашна безбедност велат дека е малку веројатно дека валканата бомба би можела да испорача доволно високи дози на радијација „за да предизвика непосредни здравствени ефекти или смрт кај голем број луѓе“.

Одделот за државни здравствени услуги во Тексас објаснува зошто.

За да се направи валкана бомба способна да испорача смртоносни дози на радијација, потребни се големи количини заштита од олово или челик за да се спречи материјалот да ги убие производителите за време на производството.

Но, користењето на таков заштитен материјал би ја направило бомбата гломазна и тешка за движење или распоредување, веројатно барајќи тешка опрема и алатки за далечинско ракување и би ограничило до каде би можела да се шири радијацијата.

Што е со изложеноста на радијација?

Според здравствените служби на Тексас, зрачењето генерирано од валкана бомба би предизвикало слично ниво на изложеност како при правење рендгенски снимки на заби.

„Тоа е како да се скрши камен. Ако некој фрли голем камен на вас, веројатно ќе ве боли и може да ви предизвика физичка повреда“, објаснуваат од одделот. „Ако го земат истиот камен и го раситнат до зрнца песок, а потоа го фрлат песокот врз вас, шансите да ви се предизвика штета се значително помали“.

Превентивните мерки може да бидат толку едноставни како, на пример, оддалечување.

„Оддалечување дури и на кратко растојание од местото на настанот (на експлозијата) може да обезбеди значителна заштита бидејќи стапката на зрачење драстично опаѓа со оддалеченоста од изворот“, велат од министерството.

Луѓето, исто така, треба да ги покријат носот и устата за да избегнат внесување радијација, да влезат во затворени простории за да избегнат облак од прашина, да ја фрлат облеката во пластична кеса и потоа нежно да ја измијат кожата за да ја отстранат контаминацијата.

 

валкана бомба валкана војна радијација Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.