Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Началници на СВР го демантираат Тасевски дека се срамат од министерот Чулев

0
By Нова ТВ on May 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 31, 2020 19:51

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски денеска ги отфрли обвинувања, кои на негова сметка пред неколку дена ги упати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој одговорноста за непочитување на мерките за заштита од епидемијата ја насочи кон првиот човек на БЈБ.

Tасевски за НОВАТВ посочи дека Чулев треба да се соочи со изјавите дека полицијата нема да казнува. Воедно, тој истакна дека началниците назначени министерот се срамат од неговите постапки.

„Началниците назначени од него се срамат од своите постапки и се борат со нивниот професионализам од една страна и партискиот притисок од Чулев од друга страна. Зголемувањето на бројот на заболени покажа дека тие партиски мотивирани насоки се одразуваат лошо на сите нас. Колегите се свесни за ова и во периодот кој претстои убеден сум дека ќе го коригираат своето однесување и ќе постапуваат во интерес на граѓаните“, вели Тасевски.

Во однос на оваа негова изјава реагираа дел од началниците назначени од Чулев. Началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски, во писмена изјава до медиумите напиша дека министерот Чулев дава поддршка за неселективната борба против криминалот, додека директорот Тасевски се занимава со дневна политика.

И началникот на СВР Штип Александар Николов реагира на ист начин, истакнувајќи дека е горд што е дел од тимот кој „ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи“.

Началникот на СВР Струмица, Васил Тодоров, пак, вели дека министерот Чулев досега секогаш се залагал за целосно почитување и спроведување на законот, додека началникот на СВР Охрид, Илија Милески, наводите во изјавата на директорот Тасевски ги нарекува „чисти лаги“. Со реакција истапи и началникот на МВР од Куманово Антон Витковски. “Од моја страна во ниту една прилика не сум кажал дека се срамам што сум дел од тимот на Чулев и денешната изјава на директорот на БЈБ ја сметам за грубо кршење на принципите на кои се гради меѓусебната доверба и работењето во рамки на оваа организациска единица во МВР”, вели Витковски

БЈБ МВР Наќе Чулев Началници Сашо Тасевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.