Во напад од страна на џихадисти, најмалку 358 лица загинале во Сомалија додека десетици се водат како исчезнати.

Претседателот на Сомалија, Мохамед Абдула Мохамед прогласи воена состојба против екстремистичката група Ал Шабаб, која презеде вина за нападите.

Најмногу напади се изведени во регионите на Долниот и Средниот Шабел.

Воениот командант Абдулаи Иман соопшти дека илјадници војници се на терен во обид да ги протераат џихадистите на Ал Шабаб.