Бројот на загинатите во вооружениот напад за време на концертот пред хотелот Менделеј Беј во Лас Вегас се искачи на најмалку 50, додека бројот на ранетите на 200.

Според полицијата, врз присутните било пукано од 32-от кат од хотелот.

Полицијата во Лас Вегас го идентификува осомничениот напаѓач како 64-годишниот Стефан Падок, локален жител, кој е убиен, но засега не се познати причините за нападот.

Полицијата соопшти дека нема претходна евиденција за осомничениот за нападот, ниту пак досега бил пријавуван за некаков прекршок. Полицијата нема ниту информации колку долго тој живее во оваа област.

Полицијата ја пронашла и неговата придружничка за време на нападот.

Меѓу меѓу загинатите има и полициски службеници, но шефот на полицијата на Лас Вегас  Џо Ломбардо не го објави нивниот идентитет.  Двајца полицајци се и меѓу повредените, од кои едниот е во критична состојба.