Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надал има слободен ден: Ќе тренирам, ќе готвам, ќе гледам фудбал

0
By Нова ТВ on July 10, 2018 СПОРТ
Фото: wimbledon.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рафаел Надал вчера го „преслуша“ Чехот Јан Весели во осминафиналето на Вимблдон, во четврт-финалето го чека дуел со подобриот меѓу Хуан Мартин дел Потро и Жил Симон. Со оглед дека денешниот ден му е без натпреварувачки обврски во Лондон, Шпанецот откри како ќе го мине времето.

„Ќе тренирам еден час, ќе одработам третман со физиотерапевтот, вечерта ќе ја минам пред ТВ гледајќи фудбал“, рече Надал.

Вечерва од 20 часот е првото полуфинале на Светското првенство во Русија. На тревникот на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург ќе играат Франција и Белгија, втората европска пресметка за мундијалско финале е утревечер во Москва меѓу Англија и Хрватска.

„Веројано ќе се опуштам малку низ дома. Ќе зготвам нешто за ручек. Планирам да гледам фудбал, потоа можеби и еден филм. И тоа е тоа. Опуштено“, истакна шпанскиот тенисер пред новинарите во Лондон.

Надал за првпат од 2011 година е четвртфиналист на Вимблдон. За разлика од минатите неколку години во кои неговите настапи беа лимитирани поради повреди, овојпат е целосно здрав, без проблеми и во топ форма што се гледа и низ резултатите во досегашните четири меча на најпознатата тениска трева во светот.

„Многу ми значи што стигнав до четврт-финале. Долг период не сум бил во оваа позиција. Но, и честопати сум бил во текот на кариерата, зарем не? – Сега не зборуваме за финале или за освојување на титулата, зборуваме за мене и за четврт-финалето што, секако, е позитивен резултат“, заврши Надал.

Пласман меѓу најдобрите осум на турнирот осигураа и првиот носител, Роџер Федерер како и Србинот Новак Ѓоковиќ.

Вимблдон Рафаел надал тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.