Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надлежните уверуваат: Цената на струјата за домаќинства ќе остане иста до крај на годината

0
By Sashko on October 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моментот нема потреба од прогласување на кризна состојба во делот на енергетиката, а надлежните уверуваат дека цената на струјата за домаќинствата ќе остане иста до крајот на годината. Доколку има потреба, ќе се интервенира, велат од Владата. Оттаму не очекуваат поголеми ценовни шокови.

Премиерот Зоран Заев не очекува инфлацијата да надмине три отсто до крајот на годинава и вели дека државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок кој се случува во Европа.

Инфлацијата не очекуваме да биде поголема од три проценти, а според последните податоци кои ги имаме е 2,8 проценти. Не очекуваме зголемена инфлација ни за годинава, ниту за годините што следат до 2026-та. Курсот на денарот е стабилен има и стабилни цени. Меѓународниот пазар има влијание врз цените на некои од производите, како што беше со маслото за јадење чија цена се зголеми пред шест месеци или цените на нафтените деривати и во моментов на природниот гас и на електричната енергија на берзите. Тоа не зависи од нас, но државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок кој се случува во Европа, истакна Заев на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

И министерот за економија Крешник Бектеши, кој вчера раководеше со Комисијата за електроенергетска кризна состојба, не очекува големи ценовни шокови.

Големи ценовни шокови нема да има и за тоа сум убеден. Ќе интервенираме секаде каде треба за да нема такви ценовни шкови. Не верувам дека ќе се доведеме во таква ситуација во јануари, рече Бектеши по седницата на Комисијата за електроенергетска кризна состојба, додавајќи дека сега никој не може да гарантира дали ќе има зголемување на цената по Нова година, бидејќи се работи за светска криза која се рефлектира и врз нашата електроенергетска мрежа.

Надлежните уверуваат дека се преземаат мерки и се ставени на располагање сите механизми со цел да се обезбедат доволни количини на електрична енергија. Веќе е ставен во функција вториот блок на РЕК Битола, а се очекува успешно да зварши и тендерот за набавка на јаглен за вклучување на третиот блок на РЕК Битола. Испратено е писмо и до стопанските комори за набавка на мазут во случај да треба да се вклучи ТЕЦ Неготино, а работи и ТЕЦ Осломеј.

Како што соопшти Бектеши, во земјава се произведуваат 300 мегавати електрична енергија, а потрошувачката е околу 500 мегавати.

домаќинства криза Македонија струја цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.