Ланската сезона беа хит во Премиерлигата, оваа се хит во Лигата на шампиони. Фудбалерите на Лестер го обезбедија првото место во групата Г и се пласираа во осминафинале во дебитантскиот настап во елитното клупско натпреварување во Европа што повлече и соодветна реакција од управата на тимот од „Кинг Пауер“ стадионот.
За постигнатиот успех на коло до крајот, секој играч ќе биде почестен со 120.000 евра за претстојните Божиќни и новогодишни празници. Настапите на „лисиците“ во ЛШ донесоа вкупно 12 милиони евра во клупската каса, па една четвртина од средствата ќе бидат распределени во составот на Клаудио Раниери.
Освоената титула во Премиерлигата во анската сезона значеше бонус од 280.000 евра за секој фудбалер. Покрај тоа, сопственикот на Лестер, Вихаи Сривадханапраба ги даруваше играчите и со скапоцени автомобили од марката БМВ И8, примерок што чини 120.000 евра.