Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најава за блокада на железничкиот сообраќај: На 80 вработени во „Влеча на возови“ не им се продолжени договорите за работа

0
By Sashko on January 4, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синдикатот на вработените во „Влеча на возови“ при Железници Транспорт информира дека на 80 нивни колеги не им се продолжени договорите за работа и најавува дека доколку во најкус можен рок не се најде решение за нив, ќе го блокираат железничкиот сообраќај.

Во писмото испратено до јавноста, Синдикатот наведува дека овие работници им се потребни за нормално функционирање на компанијата.

Како синдикат од, за нас, нејасни причини, Министерството за финансии кое е надлежно за давање на согласност за вработување, а со самото тоа и можност за продолжување на работниот ангажман на нашите 80 колеги од кои голем дел се извршен персонал, истото не го достави, така што заклучно со 31.12.2021 ги остави без работа, а нашата фирма без извршен персонал. Ние како фирма во последниот период сме дојдени до многу ниско ниво на егзистенција како финансиски, така и со вработени и доколку во најкраток можен рок не се преземе нешто со нашите колеги кои останаа на улица, а се потребни на фирмата, како репрезентативен синдикат ќе бидеме принудени по божиќните празници да го блокираме железничкиот транспорт во знак на солидарност со нашите колеги кои ни се неопходни за секојдневно непречено и безбедно одвивање на железничкиот сообраќај, се вели во писмото.

Од Синдикатот информираат дека овие вработени се обучени и ги минале и интерните обуки кои траат од шест до 12 месеци.

Влеча на возови договори Железница Македонија работа Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.