Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најави за поголема минимална плата: Синдикатот е „за“, бизнисот е поделен во оценките

0
By Sashko on December 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 11, 2021 09:58

Зголемување на минималната плата по Нова Година најавуваат од Владата, што за Синдикатите е неопходно, но и дека потоа треба да следи спирално зголемување и на останатите плати. Работодавачите, пак, се на став дека секое, како што нагласуваат, вештачко неусогласено зголемување, како најавеното, само ќе ја наруши рамнотежата во стопанството и економијата. Поделени се во оценките колку бизнисот може да го одржи зголемувањето на минималната плата.

Минималната плата по Нова година ќе се зголеми на 18.000 денари. Платите не стојат. Просечната во 2016 година беше 22.000-23.000 денари, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, во здравството, во приватниот сектор. Само мининалната плата е зголемена за 100 проценти за четири години, колку што не е направено со години наназад, изјави министерот Крешник Бектеши.

ССМ бара минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори. Ова е едно од барањата кои ќе бидат изнесени и на утрешниот протест на Синдикатот.

Барањето за минималната плата и спиралното зголемување на останатите плати, ССМ го темели на најавите за пораст на цената на струјата од јануари и на зголемените цени на прехранбените производи.

Поради економската криза предизвикана од пандемијата и најавената енергетска криза каде РКЕ кажува дека од 1 јануари ќе се зголеми цената на струјата за минимум 20 проценти, бараме минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата или 18 илјади денари, а сите останати плати да растат скалесто согласно колективните договори, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот и цени, нагласуваат од ССМ, тогаш ниту три минимални плати нема да бидат доволни да го достигнат растот на Синдикалната минимална кошница.

Ако расте само просечната плата, а минималната плата стагнира, односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граѓаните. Поради се поевидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба плата за живот, со која ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница со само една плата, велат од ССМ.

Ставот на работодавачите од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) во поглед на најавеното зголемување на минималната плата е дека законската обврска за оваа година и усогласувањето на минималната плата согласно критериумите во Законот за минимална плата е исполнето. Согласно тоа, нагласуваат оттаму, не постои можност за какво било коригирање во делот на минималната плата за оваа година.

Од ОРМ сметаат дека износот на минималната плата се преговара и нејзиното покачувањето зависи токму од член 4 од Законот за минимална плата кој ги дефинира условите за дефинирање на минимална плата, а тоа се една третина од порастот на просечно исплатената плата во земјата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Согласно тоа, секое вештачко неусогласено зголемување, како најавеното, само ќе ја наруши рамнотежата во стопанството и економијата и штетата ќе биде на страната на работодавачите кои ќе бидат принудени да се ослободат од одреден број на вработени, вели за Владанка Трајкоска, претседател на Организацијата на работодавачи.

Таа истакна дека по однос на најавата за пораст на минималната плата на 18.000 денари, ОРМ немале консултации ни со Владата, ни со синдикатите.

Во Бизнис конфедерацијата на Македонија се поделени во оценките за тоа колку бизнисот може да го одржи најавеното зголемување на платите.

Ние сме поделени во оценката колку бизнисот може да го одржи зголемувањето на минималната плата бидејќи во различни структури на економијата некои од коорпоративно управуваните компании можат да го издржат подигнувањето на минималната плата, односно исплаќаат повеќе од минималната плата, меѓутоа сметам дека микро, малите, занаетчиите и самостојните вршители на дејност кои исто така ги опфаќа законот за работни односи и законот за минимална плата, ќе мораат да најдат начин како да пливаат во исполнување законските обврски поврзани со минималната плата, посочи претседателот на Бизнис конфедерацијата Миле Бошков.

Минималната плата ја воведе Владата на ВМРО-ДПМНЕ во јануари во 2012 година, кога беше донесен Законот за минимална плата. Тогаш минималната плата изнесуваше 8.050 денари, освен за текстилната и кожарската индустрија, сектори во кои оваа сума беше достигната во 2015 година.

Последната законски утврдена минимална плата беше во 2019 година, кога беше утврдена на 14.500 денари, а во меѓувреме, со усогласување со трошоците на живот, се искачи на околу 15.000 денари.

Висината на минималната плата во 2019 година беше усогласена по неколкумесечно преговарање преку социјален дијалог со сите социјални партнери, во договор и со синдикатите и работодавачите.

бизнис сектор Крешник Бектеши Македонија минимална плата ОРМ ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.