Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најдобрите трендови за здравјето според експертите

0
By Нова ТВ on May 31, 2017 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 31, 2017 15:42

Што велат експертите за големите здравствени и фитнес трендови на денешницата?

Сте пробале се’  и потребни Ви се нови совети и трикови да го одржувате Вашето здравје во добра форма. Нутриционистката Фиона Так вели дека денес најважно е како се чувствувате, а не како изгледате. Имајќи го ова на ум, земете ги во предвид следниве најкористени трендови за добро здравје:

1. Детоксификацијата заврши

Нутриционистката и основач на „Здрав поглед“, Мишел Шевали Хеџ вели дека деновите на детоксикација на организмот се ЗАВРШЕНИ. Всушност, таа кажува дека повеќе нема да има строги диети, туку јадење и конзумирање на вистинска храна – без воздршка или гладување. „Јадење на чиста, вистинска храна за намалување на телесната тежина е новиот тренд,“ вели таа, „луѓето ќе бидат пријатно изненадени како на овој начин ќе успеат да ја намалат својата тежина“.

Сите трендови во врска со диетите се базираат на оваа филозофија, каде луѓето ќе конзумираат минимално преработена, свежа храна, заклучува Фиона Так. „Разновидноста е решението“, продолжува таа. „Јадете разновидна храна секојдневно и обезбедете му ги на телото сите хранливи состојки кои му се потребни“. Ако секој ден јадете иста храна, ризикувате да Ви се појави недостаток од хранливи состојки во организмот, предупредува таа.

2. Жените и дигањето тегови

Олимпиското дигање на тегови е следната хит вежба, вели Бен Лукас, сопственик на теретана. „Тренерите го кажуваат ова со години, но мислам дека сега конечно се остварува бидејќи забележувам дека се повеќе и повеќе жени ги користат теговите при  своето вежбање“.

„Јачинските тренинзи се малку потешки вежби за одржување на здраво тело, особено како што се старее. Помага при одржување на мускулната маса и го забрзува метаболизмот да согорува повеќе калории дури и при мирување“. Истражувањата покажуваат дека добра програма за вежби може да го забрза Вашиот метаболизам дури и 38 часа по вежбањето.

3. Природни засладувачи

Иако исхрана без шеќери не е ништо ново, сепак популарните избори на не-вештачки засладувачи се менуваат од година во година. Мишел тврди дека следната замена за шеќер ќе биде природен засладувач од семејството на тикви со латинско име Siraitia grosvenorii. За разлика од другите засладувачи како на пр. стевиата, таа вели вели дека ова древно кинеско овошје нема горок вкус на крајот.

4. Третман против анксиозност со помош на храна

Мишел предвидува дека многумина ќе започнат со помош на храна да третираат одредени состојби како на пр. анксиозноста. „Конзумирање на храна богата со витаминот Б12 и железо, која е непреработена и со мала количина на шеќери го намалува ризикот од депресија и анксиозност“, вели таа. Таквата храна вклучува школки, риба и остриги, говедско месо, тофу и јајца.

5. Доста со сировата xрана

„Исхрана со комплетно сирова храна е веќе надвор од употреба, бидејќи одредена храна мора да биде зготвена за да може телото лесно да ја преработи и да ги апсорбира потребните хранливи состојки“, објаснува Фиона. „Јадење сурова веганска храна може да доведе до отекување на стомакот и стрес на дигестивниот систем, па затоа сега се вртиме кон избегнување на такви радикални практики и баланс“. Затоа Фиона советува да одвоите малку време и научите да готвите; научете дека одредена храна, на пр. зелени листови како спанаќ, брокула, штавељ, коприва и др., треба да бидат многу кратко време варени за да телото ги апсорбира хранливите состојки.

детоксификација здравје Исхрана сирова храна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.