Најмалку 120 луѓе загинаа во земјотресот кој го зафати централниот дел на Италија, изјави премиерот Матео Ренци и најави дека утре ќе биде прогласена вонредна состојба, јави агенцијата Анса.
„Во овој момент изгубени се 120 животи“ , рече премиерот Ренци.
Италијанскиот премиер укажа дека билансот на жртвите може да се зголемува бидејќи во градот Аматриче имало многу туристи.
„Ова да се случеше во октомври ќе беше полесно да ги преброиме жртвите, но денеска бројот на жители во погодените подрачја е десет пати поголем“, изјави Ренци.
Тој нагалси дека ќе бидат превземени сите мерки за да им се помогне на загрозените подрачја и дека Владата утре ќе прогласи вонредна состојба.
Италија е во шок по силниот земјотрес што во раните утрински часови го погоди централниот дел на Италија.
Најтешко се погодени регионите меѓу Лацио, Марке, Умбрија и Абруцо каде што се уништени местат Акумоли, Аматриче, Пескара и Арквата дел Тронто кои што се срамнети со земја.
Италијанските медиуми јавуваат дека во акциите за спасување учествуваат припадниците на шумската полиција, пожарникарите и армијата и дека с е стравува дека бројот на загинати ќе биде многу поголем.
https://www.youtube.com/watch?v=BJlAudNkeho