Бројот на жртви од поплавите во Турција се искачи на 31, јавија турските медиуми.

Поројните води носеа десетици автомобили и купишта отпад по улиците, со уништени мостови, затворени патишта и прекината електрична енергија на стотици села. Медиумите јавија дека претседателот Таип Ердоган го посетил регионот.

Поплавите, меѓу најлошите што ги доживеала Турција, донесе хаос во северните провинции во моментот кога властите прогласија дека пожарите што две недели беснееја низ јужните крајбрежни региони, се под контрола.

„Ова е најлошата поплава што сум ја видел“, рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу откако ги прегледа штетите низ провинциите Бартин, Кастамону и Синоп.