Терористичката организација Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за денешните напади врз две коптски цркви во Египет во кои загинаа најмлаку 36 луѓе, објави BBC.
Нападите биле дело на бомбаши самоубијци, објавија медиумите.
Во експлозијата пред коптската црква Свети Марко во Александрија загинаа 11 луѓе.
Меѓу загинатите има четворица полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи на Египет.
Пред нападот во Александрија имаше уште една експлозија во коптската црква Свети Ѓорѓија во градот Тант, каде загинаа 25 луѓе, а уште најмалку 60 се повредени.
Насилството врз коптските христијани се засили во изминатите години, особено од 2013 година наваму, кога војската го симна од власт претседателот Мохамед Морси.