Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмалку 9 загинати во протестите во Иран поради смртта на жената

0
By Соња Крамарска on September 22, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во судирите меѓу иранските безбедносни сили и демонстрантите, лути поради смртта на 22-годишна жена во полиција, загинаа најмалку девет лица од избувнувањето на насилството во текот на викендот, јавува Асошиетед прес.

Размерот на протестите во Иран, најлоши во последните неколку години, сè уште останува нејасен бидејќи демонстрантите во најмалку десетина градови – гневни поради социјалната репресија и растечките кризи во земјата – продолжуваат да се соочуваат со безбедносните и паравоените сили.

За да спречи ширење на протестите, најголемиот ирански телекомуникациски оператор денеска повторно го затвори пристапот до мобилниот интернет, соопшти Netblocks, група која го следи пристапот до интернет, опишувајќи ги ограничувањата како најстроги од 2019 година.

Иранската државна телевизија извести дека бројот на загинати во денешните масовни протести би можел да биде и 17. „За жал, 17 лица и полицајци присутни на местото на овие настани ги загубија животите“, беше објавено во вестите, со оградување дека официјалната статистика ќе биде објавена подоцна.

Во земја каде што радио и телевизиските станици веќе се под државна контрола и новинарите редовно се соочуваат со закана од апсење, паравоената Револуционерна гарда го повика судството да го гони „секој што шири лажни вести и гласини“ на социјалните мрежи за немирите. Блокадата на Instagram и WhatsApp, кои ги користат демонстрантите, продолжи и денеска.

Демонстрациите во Иран започнаа како ерупција на емоции поради смртта на Махса Амини, млада жена која беше уапсена од „полицијата за морал“ поради наводно прекршување на кодексот на облекување. Нејзината смрт предизвика остра осуда од САД, Европската унија и Обединетите нации.

Полицијата вели дека таа починала од срцев удар и не била малтретирана, но нејзиното семејство вели дека на телото имало знаци на мачење и малтретирање. Независни експерти поврзани со ОН денес рекоа дека извештаите сугерираат дека таа била жестоко претепана од полицијата.

Протестите траат веќе пет дена при што жените ги вадат и палат нивните шамии што државата им наложува да ги носат на улиците. (АП)

Иран полиција за морал протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.