Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најнови вести од ИОК: Болт останува без едно злато од Пекинг

0
By Нова ТВ on January 25, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 25, 2017 16:06

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) денеска објави дека двајца атлетичари се дисквалификувани од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

 

Неста Картер (31), кој беше дел од штафетата на Јамајка што истрча до злато во финалето на 4×100 метри, е дисквалификуван од Олимписките игри во Пекинг. Повторната анализа на примероците од таа Олимпијада покажаа дека тој бил позитивен на забранетата супстанца метилхексанеамин.

Дисциплинската комисија на ИОК ја донесe следната одлука:

Атлетичарот Неста Картер користел допинг и е дисквалификуван од трката 4×100 на Олимпијадата во 2008 година. Тимот на Јамајка е дисквалификуван од истата трка, на која освои златен медал. Медалите и дипломите ќе бидат вратени.

Од Интернационалната атлетска асоцијација (ИААФ) е побарано да ги смени резултатите поврзани со конкретната трка и да преземе натамошни мерки кои се во нејзина надлежност.

Олимпискиот комитет на Јамајка треба да ги врати медалите и сите признанија од ИОК кои се однесуваат на спорната трка. Одлуката стапува на сила веднаш.

Неста Картер

Со оваа одлука најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, останува без троен хет-трик, односно три златни медали на три Олимпијади во низа. Тој во Пекинг освои 3 злата – на 100 метри, на 200 метри и на 4×100 метри. Истото го стори и во Лондон и на последната Олимпијада во Рио, каде освои злато во истите дисциплини.

Втората атлетичарка која е дисквалификувана е Татјана Лебедева (40) од Русија која се натпреваруваше во трискок пришто на истата Олимпијада во Пекинг го освои сребрениот медал. Повторната анализа на резултатите покажа дека таа била позитивна на туринабол.

И за овој случај, ИОК го обврза Рускиот олимписки комитет да го врати медалот.

дисквалификуван допинг Неста Картер Олимписки игри Усаин Болт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.